ПОВТОРЕНОТО СУДЕЊЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВСКАТА МОДУЛАРНА БОЛНИЦА ОДЛОЖЕНО ПО ТРЕТПАТ

    ПОВТОРЕНОТО СУДЕЊЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВСКАТА МОДУЛАРНА БОЛНИЦА ОДЛОЖЕНО ПО ТРЕТПАТвој пат одложувањето е поради отсуство на судијата Јордан Велковски.(Фото: СДК.МК)

    Повторното судење за пожарот во тетовската модуларна болница по трет пат е одложено. Овој пат одложувањето е поради отсуство на судијата Јордан Велковски. Велковски го судеше и првото судење, а го суди и повтореното, откако Апелацискиот суд Гостивар, по јавната седница во април 2024 година, го врати случајот на повторна постапка во Основниот суд во Тетово.

    Првиот обид за повтореното судење беше на 26 јуни година 2024 година кога се одложи поради отсуство на претставници на Клиничка болница Тетово, а рочиштето од 25 септември исто така не се одржи поради отсуство на адвокатот на еден од обвинетите.

    Апелацискиот суд во Гостивар во април годинава донесе решение со кое наложи да има повторно судење за поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми, како и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правен субјект. На 5 јуни 2023 Основен суд Тетово им пресуди условна осуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“ во судскиот процес по пожарот во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе.

    Судот тогаш одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи.

    Судијката која го заменуваше судијата Велковски го закажа судењето за 15 јануари 2025 година во 10 часот.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира