ПОЖАР БЛИЗУ РАМПА ВО СКОПЈЕ, ГОРАТ БАРАКИ

    ПОЖАР БЛИЗУ РАМПА ВО СКОПЈЕ, ГОРАТ БАРАКИВо моментов на терен интервенира Бригадата за противпожарна заштита, а просторот го обезбедува полиција бидејќи околу бараките има повеќе згради.(Фото: СДК.МК)

    Неколку бараки се зафатени од пожар во близина на Рампа во центарот на Скопје. Во моментов на терен интервенира Бригадата за противпожарна заштита, а просторот го обезбедува полиција бидејќи околу бараките има повеќе згради.

    Со пајак службата се собираат и паркирани коли околу местото каде е пожарот.

    Од Центарот за управување со кризи велат дека добиен е повик за пожар на бројот 112 по што веднаш се испратени екипи на терен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира