Гори депонијата во населбата Шуто Оризари. Како што информираа од Центарот за управување со кризи, преку бројот 112 е добиена пријава дека се запалила машина за мелење железо.
На терен интервенира Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со две противпожарни возила.
„Според информација од ЦУК, добиена во 12:03 часот од градоначалникот на Шуто Оризари, пожарот е ставен под контрола и нема опасност од негово ширење, бидејќи плацот е ограден со ѕидови“, велат од ЦУК.



