Попладнево се запалија дуќани во скопската населба Чаир на улицата Цветан Димов. По интервенцијата на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат и како што вели командантот Владимир Симоновски нема повредини, причинете е само матријална штата.
Се интервенираше со 9 пожарникарски возила и 20 пожарникари. Пожарникарите кои беа на терен не можеа веднаш да стасаат до работилницата и дуќаните кои гореа поради хаосот со паркираните коли долж улицата и густо изградените куќи.
„Поради згуснати куќи, дуќани и згради опасноста беше голема, но со брзата интервенција на единицата беше спречена поголема катастрофа. Дополнителен проблем беа и паркираните коли долж улицата па моравме да повикаме да дојде полиција за да се тргнат возила и да се забрани движењето во тој дел од населбата“, вели Симоновски.
А. АНТЕВСКА