ПОЖАР ВО СКОПСКИ ЧАИР, ПОЖАРНИКАРИТЕ ЕДВАЈ СТИГНАЛЕ ДО ДУЌАНИТЕ ОД ПАРКИРАНИ КОЛИ НА УЛИЦАТА ЦВЕТАН ДИМОВ

    ПОЖАР ВО СКОПСКИ ЧАИР, ПОЖАРНИКАРИТЕ ЕДВАЈ СТИГНАЛЕ ДО ДУЌАНИТЕ ОД ПАРКИРАНИ КОЛИ НА УЛИЦАТА ЦВЕТАН ДИМОВСе запалија работилница и дуќани, нема повредини, причинете е само матријална штата. (Фото: Пожарна Скопје)

    Попладнево се запалија дуќани во скопската населба Чаир на улицата Цветан Димов. По интервенцијата на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат и како што вели командантот Владимир Симоновски нема повредини, причинете е само матријална штата.

    Се интервенираше со 9 пожарникарски возила и 20 пожарникари. Пожарникарите кои беа на терен не можеа веднаш да стасаат до работилницата и дуќаните кои гореа поради хаосот со паркираните коли долж улицата и густо изградените куќи.

    „Поради згуснати куќи, дуќани и згради опасноста беше голема, но со брзата интервенција на единицата беше спречена поголема катастрофа. Дополнителен проблем беа и паркираните коли долж улицата па моравме да повикаме да дојде полиција за да се тргнат возила и да се забрани движењето во тој дел од населбата“, вели Симоновски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира