ПОЖАРНА СЕ СУДРИ СО КОЛА ВО БИТОЛА

    ПОЖАРНА СЕ СУДРИ СО КОЛА ВО БИТОЛАСообраќајката се случи синоќа околу 22 часот во непосредна близина на битолската полиција(Фото: СДК.МК)

    Кола за гаснење пожар на битолската Противпожарна единица доцна синоќа се судри со патничко возило во центарот на Битола. Сообраќајната несреќа се случи околу 22 часот во непосредна близина на битолската полиција.

    Од сударот автомобилот претрпе големи оштетувања десната предна страна. Од полиција нема официјална информација дали има жртви и како дошло до сударот.

    Според ситуацијата на терен, пожарникарската кола беше свртена спротивно од дозволениот правец на движење.

    Од пред неколку години булеварот Први Мај е едносмерен, па пожарникарските возила ако треба да интервенираат во подолните делови на градот, мораат да вртат одоколу.

    Зимава пожарникарска кола се зализга на улицата Ваташа на битолски Баир и удри во куќа, демолирајќи ја дневната соба.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира