ПОЖАРНИКАРИ ОД СТРУМИЦА ОДАТ ЗА ТУРЦИЈА, ЗЕЛС ПОВИКА СИТЕ ОПШТИНИ ДА ПРАТАТ ПОМОШ ПО КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС

    ПОЖАРНИКАРИ ОД СТРУМИЦА ОДАТ ЗА ТУРЦИЈА, ЗЕЛС ПОВИКА СИТЕ ОПШТИНИ ДА ПРАТАТ ПОМОШ ПО КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕССтрумичките пожарникари се дел од тимот за пребарување и спасување од урнатини;- Во земјотресот досега има 2.300 жртви. (Фото: Гети)

    Осум пожарникари од Струмица ќе заминат во Турција за помош по катастрофалниот земјотрес. Пожарникарите се дел од тимот за пребарување и спасување од урнатини (USAR тим), кој е во состав на републичките сили за заштита и спасување.

    „Нашите пожарникари се специјално обучени за вакви непогоди и имаат искуство од земјотресот во Албанија. Се надеваме дека ќе помогнат во спасување  животи и справување со последиците од катастрофалниот земјотрес“, вели градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов.

    Град Скопје денес не свика вонредна седница за помош. Градоналничката на Скопје Данела Арсовска побара од Советот на Град Скопје на следната седница советниците да одлучуваат за хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес.

    Од Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) побараа сите Општини да испратат помош за Турција.

    Во земјотресот кој денеска ги погоди Турција и Сирија досега се загинати 2.300 лица.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира