ПОЖАРОТ КАЈ КОЧАНИ Е ПОД КОНТРОЛА, ГО ГАСАТ 400 ЛУЃЕ И ХЕЛИКОПТЕР НА АРМИЈАТА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ЦУК СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ

    ПОЖАРОТ КАЈ КОЧАНИ Е ПОД КОНТРОЛА, ГО ГАСАТ 400 ЛУЃЕ И ХЕЛИКОПТЕР НА АРМИЈАТА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ЦУК СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВАнгелов вели дека нема опасност да ги зафати куќите. (Фото: МИА)

    Пожарот кој веќе неколку дена гори на Осоговски планини над Кочани не е локализиран, но е под контрола и нема опасност за куќите, вели директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

    На планината гори борова шума, а покрај високите температури дополнително ситуацијата ја влошува и ветерот. Како што вели Ангелов во моментов на терен се 400 луѓе односно покрај пожарникарите од Кочани, Виница, Штип и Македонска Каменица, огнот го гасат и луѓе вработени во локалните самоуправи обучени за интервенции во вакви ситуации.

    „Хеликоптерот на Армијата веќе половина час го гаси пожарот од воздух и ќе интервенира се до стемнување. Претходно гасеше пожар на друга локација. Но, она што е важно е дека ситуацијата е ставена под контрола од екипите од земја. Главниот удар се нанесува од земја, а од воздух се помага. Пожарот е распространет и ќе биде активен, не може веднаш да се изгаси“, вели Ангелов.

    Тој вели дека пожарот не е локализиран, но е под контрола. Нема опасност да ги зафати куќите.

    „Од шумата до домовите има 800 метри бришан простор, така да не може да ги зафати куќите.  Просторот е стрмен и затоа не може цело време да се интервенира со возила“, вели Ангелов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира