ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ОХИС“ Е ИЗГАСЕН, БЕШЕ ЗАФАТЕНА УПРАВНАТА ЗГРАДА, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КИСЕЛА ВОДА ТЕМЕЛКОВСКИ

    ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ОХИС“ Е ИЗГАСЕН, БЕШЕ ЗАФАТЕНА УПРАВНАТА ЗГРАДА, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КИСЕЛА ВОДА ТЕМЕЛКОВСКИСе запалила сува трева, а огнот се прошил во управната зграда на фабриката „Билјана“. (Фото: Општина Кисела Вода)

    Пожарот кој попладневно избувна во фабриката „Охис“ во Скопје е изгаснат и нема никаква опасност по околните објекти и куќи, вели градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски. Во кругот на фабриката се запалила сува трева, а огнот го  зафатил и објектот на управната зграда на фабриката „Биљана“.

    „Противпожарните единици на Град Скопје брзо го локализираа пожарот и сега состојбата е под контрола. Не постои никаква опасност од натамошно ширење на пожарот“, вели градоначалникот Темелковски.

    Во Скопје, како што кажаа од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се 18 пожари. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Наумоски вели дека пожарот кој изби во селото Кучково е изгаснат, нема повредени, ниту материјална штета.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира