ПОЖАРОТ ВО „РАГУЗА“ ИЗБУВНАЛ СРЕДЕ СВАДБА, НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ИМА ПОВРЕДЕНИ

    ПОЖАРОТ ВО „РАГУЗА“ ИЗБУВНАЛ СРЕДЕ СВАДБА, НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ИМА ПОВРЕДЕНИНеофицијално, се запалила кујната на ресторанот „Рагуза“. (Фото: К. Попов)

    Пожарот на отворениот ресторан „Рагуза“ најгоре на катната гаража „26 Јули“ во центарот на Скопје, избувнал среде свадба со гости.

    Нема официјална информација дали има повредени, односно дали гостите навреме успеале да се симнат, зашто како што забележа САКАМДАКАЖАМ.МК, пламенот вивна за неколку секунди и беше со голема зафатнина.

    Според она што го видовме, пожарот пламна во 23 часот. За само 20 минути се појави бел чад, го изгасна екипа на Противпожарната бригада Скопје. Таа дојде од Чаир, од друг пожар во куќа на Дижонска.

    Спречена е катастрофа пожарот да се симне кај паркираните возила и големиот маркет на „Тинекс“ на приземјето.

    Но, дали успеале навреме и безбедно да се евакуираат гостите и младенците на свадбата, дали има повредени и колкава е штетата, не успеавме да дознаеме се уште.

    Владимир Симоновски, командант на скопската Бригада за противпожарна заштита, за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека е изгаснат пожарот и дека во моментот имало свадба. Официјални информации за евентуални повредени лица и штета, кажа дека ќе следуваат подоцна.

    Неофицијално, се запалила кујната на ресторанот „Рагуза“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира