ПРАТЕНИКОТ МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ НАПАДНАТ ОД ПОЛИЦАЈЦИ ВО КАФЕАНА

    ПРАТЕНИКОТ МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ НАПАДНАТ ОД ПОЛИЦАЈЦИ ВО КАФЕАНАДимитриевски се сомнева дека позадината на инцидентот е политичка, бидејќи, како што вели тој, еден од полицајците јавно се декларирал дека е од ВМРО-ДПМНЕ и му се заканувал.

    Пратеникот на СДСМ Максим Димитриевски синоќа бил вербално и физички нападнат во кафеана во Куманово додека славел роденден на сопругата. Индидентот се случил по полноќ, кога група мажи, меѓу кои и полицајци, кои седеле на соседната маса во видно алкохолизирана состојба почнале да упатуваат вербални закани и сакале физички да се пресметаат со него и неговите гости. За да не дојде до поголем инцидент, Димитриевски се повлекол, а случајот го пријавиле во полиција.

    Реагирало обезбедувањето на локалот и ги отстранило пијаните гости.
    Димитриевски се сомнева дека позадината била политичка, бидејќи, како што вели тој, еден од полицајците јавно се декларирал дека е од ВМРО-ДПМНЕ и му се заканувал.

    Од МВР велат дека кај нив ноќеска од вработен во кафаната е пријавен случајот и во билетенот е заведен како нарушување на јавен ред и мир. Кумановската полиција работи на расветлување на случајот по што ќе излезат со повеќе информации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира