ПРАВЕЛ САМ ОГНОМЕТ, ГО ЗАПАЛИЛ СТАНОТ НА БИТ ПАЗАР И ПАДНАЛ ВО НЕСВЕСТ

    ПРАВЕЛ САМ ОГНОМЕТ, ГО ЗАПАЛИЛ СТАНОТ НА БИТ ПАЗАР И ПАДНАЛ ВО НЕСВЕСТОгномет за дочекот на Новата година во Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Скопјанец синоќа на прославата на Новата година правел сам огномет во својот дом, при што го запалил станот, а тој паднал во несвест.

    Како што информираат од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, околу 23 часот добиле повик за запален стан на улицата Крсте Мисирков на Бит пазар. Сопственикот на станот на терасата пукал пиротехнички ракети при што избувнал пожар, а тој паднал во несвест.

    Пожарникарите веднаш интервенирале, не дозволиле проширување на огнот, а сопственикот со Брза помош бил однесен на Скопските клиники.

    Од Пожарната велат дека на Новогодишната ноќ имале вкупно 8 интервенции, но без повредени и поголеми материјални штети.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира