ПРАВИМЕ МАКСИМАЛНИ НАПОРИ ШЕСТОСЕДОТ НА ПОПОВА ШАПКА ДА БИДЕ ГОТОВ ДО 15 ДЕКЕМВРИ, ВЕЛАТ ОД ЕЛЕМ

    ПРАВИМЕ МАКСИМАЛНИ НАПОРИ ШЕСТОСЕДОТ НА ПОПОВА ШАПКА ДА БИДЕ ГОТОВ ДО 15 ДЕКЕМВРИ, ВЕЛАТ ОД ЕЛЕМНовата шестоседна жичница на Попова Шапка забрзано се гради, велат од ЕЛЕМ. (Фото: Зандон)

    ЕЛЕМ и ЕЛЕМ Tурс велат дека прават максимални напори работите на шестоседот да завршат до 15 декември по тврдењето на граѓанската иницијатива „Спас за Попова Шапка“ дека новата шестоседна жичница на ски центарот нема да биде пуштена во употреба годинава, бидејќи ЕЛЕМ не ѝ пушта електрична енергија на фирмата ќерка ЕЛЕМ Турс, која ја гради шестоседната жичница.

    „ЕЛЕМ и ЕЛЕМ турс прават максимални напори работите на шестоседот да завршат до 15 декември. Активностите на терен се во тек и категорично негираме дека има некаков проблем со електрична енергија и слично. Не знаеме од каде се тие информации кои ги изнесуваат одредени поединци, но како дирекција на ЕЛЕМ и како основачи и сопственици на ЕЛЕМ Турс тврдиме дека нема такво нешто и жичарата забрзано се гради“, велат од ЕЛЕМ.

    Претходно денеска, од „Спас за Попова Шапка“ изјавија дека техничкиот прием на шестоседната жичница ќе биде дури во март или април следната година поради струјата.

    „Од информациите што ги имаме директно од дирекцијата на ЕЛЕМ и ЕЛЕМ Турс, се вели дека проблематиката со шестоседната жичница е голема. Звучи апсурдно, но ни рекоа дека ЕЛЕМ не ѝ пушта електрична енергија на својата ќерка фирма ЕЛЕМ Турс која ја гради шестоседната жичница. Иако еве сега гледаме дека тука се одвиваат некои градежни работи, и има изгледи оваа година ќе биде завршено со градбата, но повеќе од сигурно е дека жичницата нема да биде пуштена во употреба токму поради струјата. Техничкиот прием ќе биде дури во март или април 2019 година. ЕЛЕМ не дава струја бидејќи во техничката документација за градба на жичницата не било предвидено поврзување на жичницата со трансформаторот па за тоа ќе требало да се направи нов проект“, кажа Хамди Сулејмани од иницијативата „Спас на Попова Шапка“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира