ПРЕДВРЕМЕН ОТКУП НА ТУТУНОТ ВО ПРИЛЕПСКИОТ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Прилеп,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЕДВРЕМЕН ОТКУП НА ТУТУНОТ ВО ПРИЛЕПСКИОТ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ

    Прилепскиот Тутунски комбинат, како најголем откупувач во пелагонискиот регион, започна со предвремен откуп на тутунот од годинешната реколта, иако законскиот рок почнува од 15 декември. Кооперантите на овој откупувач кои што во првите го предадоа родот, главно се задоволни од откупната цена. Велат дека и родот годинава е многу со поголем квалитет во однос на минатата, кога поради обилните врнежи и неповолните временски услови, имаа неквалитетна берба.

    „Задоволен сум од проценката, тука немам замерки, се почитуваат договорите, мострите, но сметам дека во иднина проценката треба да се врши во три класи, со што ќе се зголеми и просечната цена на реколтата. Зашто, реално сите цени се зголемени, стандардот се намалува, а ние стоиме во место. Од друга страна, тутунопроизводството е тешка работа, напорна, цела година по нивите и тоа цело семејство“, вели Кире Мирчески еден од кооперантите на Комбинатот, којшто во првите ја предаде бербата.

    Од Тутунски комбинат потенцираат и дека исплатата ќе тече непречено, иако е ова превремен откуп.

    „Согласно законската регулатива за да се добие лиценца и почне со откуп, неопходно е на сметката да се депонира парите за исплата на реколтата. Тутунски комбинат и овој пат обезбеди средства. Имајќи во вид дека и годинава побарувачката е поголема во однос на понудата, свесни и за конкуренцијата, Комбинатот одлучи исплатата да ја врши во рок од 7 дена од денот на предавањето, иако во договорите предвиден е рок од 30 дена“, вели Александар Дерменџиев, генерален директор на Тутунски комбинат.

    Од Сојузот на тутунски здруженија на Македонија очекуваат откупната кампања да се одвива без проблеми, а тутунарите да остварат повисоки откупни цени од ланските од околу 187 денари за килограм.

    „Со оглед на многу подобриот квалитет на реколтата, годинава очекуваме и дека ќе биде постигната повисока откупна цена од преку 190 денари за килограм тутун. Реколтата на ниво на држават е тешка околу 20.000 тони, иако побарувачката на пазарот е многу поголема. За да се стимулираат тутунарите и во иднина да продолжат со производство на оваа култура, неопходно е да се бараат начини да се стимулира производството. Субвенцијата е 60 денари од килограм, но и откупните фирми треба да ги зголемат откупните цени следната реколта“, оценува Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија на Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира