ПРЕВРТЕНИ КОНТЕЈНЕРИ И УНИШТЕНИ КАНТИ ЗА ЃУБРЕ, ОХРИД ПРЕТВОРЕН ВО ДЕПОНИЈА

    ПРЕВРТЕНИ КОНТЕЈНЕРИ И УНИШТЕНИ КАНТИ ЗА ЃУБРЕ, ОХРИД ПРЕТВОРЕН ВО ДЕПОНИЈАОштетените канти за ѓубре и расфрланиот отпад од превртените контејнери. (Фото: СДК.МК)

    Засега непознати сторители синоќа Охрид го претворија во депонија. Превртувале контејнери на повеќе улици и уништувале канти за ѓубре.

    „Само по неколку месеци откако се поставени новите корпи за ситен отпад со модерен дизајн, синоќа речиси сите се откорнати и оштетени по градскиот кеј и по улицата Македонски Просветители. Контејнерите по улиците Кеј Македонија, АСНОМ, Туристичка, Егејска, 7 Ноември и Македонски Просветители се превртени, а ѓубрето останало расфрлано по коловозот, тревните површини и пешачките патеки. Со максимални напори на нашите вработени состојбата утринава е санирана, ама остана срамот од овие вандали“, вели директорот на „Охридски комуналец“ Љупо Грдановски.

    Цел на вандалите изминатиов месец беа новите корпи за отпад, но и влезовите во јавните тоалети во централното градско подрачје.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира