ПРЕЖИВЕА КУЧКАТА ДОИЛКА ВО КОЈА БИТОЛЧАНЕЦ ВЧЕРА ПУКАШЕ СО ПУШКА

    ПРЕЖИВЕА КУЧКАТА ДОИЛКА ВО КОЈА БИТОЛЧАНЕЦ ВЧЕРА ПУКАШЕ СО ПУШКАКучето беше однесено на ветеринар откако утрово беше пронајдено кај своите кученца (Фото: СДК.МК)

    Преживеа кучката доилка во која вчера жител од улицата 16-та во Битола пукаше со пушка. Погрешната проценка во нишанењето ѝ го спаси животот, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од здружението за заштита на животни „АRC“. Тие ја однесоа на ветеринар и по дадената терапија беше вратена кај своите кученца.

    Мажот кој пукаше во кучето беше снимен од граѓани како носи предмет свиткан во бела вреќа. На снимката објавена на социјалните мрежи женски глас го прашува зошто го отепа кучето, а тој револтирано одговара дека му ја нападнало сопругата. Кучето крвавеше во пределот на вратот.

    Од битолската полиција потврдија дека Д. К. (21) од Битола вчера пријавил дека на улицата 16-та маж со пушка пукал во куче. Од СВР Битола велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Инспектори излегоа на терен и зедоа изјави од очевидци. Пушката е одземена и дадена на вештачење.

    Активисти од „ARC“ и други граѓани цела вечер ја барале кучката за да ѝ се укаже ветеринарна помош и да се спасат кученцата. Тие ги нахраниле со млеко преку шприц, но едно одбивало да јаде и угина. Вечерашната потрага не даде резулатат, но утрово, ранетата кучка сама дошла кај малечките да ги надои.

    „Имаше рани и крв. Откако ги надои малите, ја однесовме на ветеринар. Раните се исчистени и дадена е терапија која ќе треба да ја зема во наредните неколку дена. Раните имаат зафатено и дел од мускулатурата, но е во стабилна состојба“, велат од „ARC“.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира