ПРИКАЗНАТА ЗА БИТОЛСКИТЕ ЕВРЕИ НА ГУГЛ МАПС

    ПРИКАЗНАТА ЗА БИТОЛСКИТЕ ЕВРЕИ НА ГУГЛ МАПСНа Гугл мапс ќе бидат поставени сите локации во Битола кадешто Евреите живееле или работеле, вели израелскиот амбасадор Дан Оријан (Фото: СДК.МК)

    Во соработка со Израел, во Битола се одржува семинар за користење модерни технологии, преку кои на Гугл мапс ќе можат да се постават фотографии од места значајни за еврејското минато на Битола.

    „Ги користиме можностите на смарт алатките и преку нив, старата приказна на Битола ја претвораме во нејзино ново ткиво. Ќе почнеме со фотографии од Еврејските гробишта и идејата е на Гугл мапс да ги поставиме сите локации каде Евреите живееле или работеле. Така преку Гугл мапс ќе може да се прошета низ еврејското минато на Битола. Понатаму ќе се стават фотографии од 28 локации“, рече израелскиот амбасадор Дан Оријан.

    Обуката се одржа на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, а подучувачи се експерти од Израел.

    Ова е само дел од низата настани со кои ќе се одбележи 76-годишнината од депортацијата на битолските Евреи. В недела, од Споменикот на депортацијата до железничката станица ќе се одржи Маршот на животот, на кој ќе учествуваат видни гости од Израел. Воедно, ќе се посетат и Еврејските гробишта, каде ќе биде поставен сончевиот часовник, што на Битола му го подарува Мати Грумберг, последното живородено еврејско бебе во Македонија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира