ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД НОВО СЕЛО КОИ НА НИВА ОДГЛЕДУВАЛЕ МАРИХУАНА, ОДЗЕМЕНИ СТЕБЛА ТЕШКИ ВКУПНО 680 КИЛА

    ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД НОВО СЕЛО КОИ НА НИВА ОДГЛЕДУВАЛЕ МАРИХУАНА, ОДЗЕМЕНИ СТЕБЛА ТЕШКИ ВКУПНО 680 КИЛАДвете лица пред јавниот обвинител го признале делото и добија куќен притвор; - Од акцијата на МВР. (Фото: СВР Струмица)

    Струмичката полиција откри дива плантажа со марихуана која ја одгледувале две лица од Општина Ново Село во месноста Матник, во атарот на селото Секирник. Пред надлежните тие го признале делото и добија куќен притвор, а ќе одговараат за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции.

    Двете лица, на возраст од 30 и 34 години, одлучиле на сокриен дел од нивата во месноста Матник во мај оваа година да засадат канабис за што ја подготвиле парцелата, го посадиле семето и ги одгледувале стелбата.

    „Во службен разговор тие признале дека, откако обезбедиле семе од растението канабис, ја обработиле почвата и направиле нелегална плантажа на која во мај 2026 година ги засадиле семињата и ги одгледувале растенијата со цел производство на марихуана. Од пријавените се одземени повеќе стебла со различна висина и вкупна тежина од околу 680 килограми“ изјави Александра Трајанова, портпаролка на СВР Струмица.

    СВР Струмица до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струмица, поднесе кривична пријава против З. М.(34) и А. Т. Г. (30), двајцата од општина Ново Село. Двете лица пред јавниот обвинител го признале делото и добија куќен притвор.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира