ПРИТВОРЕНИК ПОБЕГНАЛ ПРЕКУ ПРОЗОР ОД СУДОТ ВО ВЕЛЕС ОТКАКО СЛУШНАЛ ДЕКА ТРЕБА ДА ОДИ ВО ШУТКА

    ПРИТВОРЕНИК ПОБЕГНАЛ ПРЕКУ ПРОЗОР ОД СУДОТ ВО ВЕЛЕС ОТКАКО СЛУШНАЛ ДЕКА ТРЕБА ДА ОДИ ВО ШУТКАНа полицијата ѝ требало половина час за да го најде и уапси избеганиот притвореник. (Фото: СДК.МК)

    Притвореник побегнал преку прозорец од велешкиот суд,  а тоа се случило во моментот кога ја слушнал одлуката на судијката дека ќе оди притвор во Шутка. Притоа ја турнал и ја повредил дактилографката која била во судницата.  На полицијата ѝ требало половина час за да го најде и уапси.

    „Беше околу 10,30 кога пред мене претрча младо момче, ја премина улицата и преку сокакот од новата зграда  замина накај месноста Дворови. По него трчаше полицаец и ми беше јасно дека  бркаат бегалец, сторител на некое кривично дело“, вели велешанец очевидец на настанот.

    Бегството го потврдија и од МВР.  Во петокот, полицијата уапсила осомничен за дел од кражбите кои се случуваат во стариот дел на  градот. Откако СВР Велес поднела кривична пријава до ОЈО Велес, од таму било од судија на претходна постапка во Основен суд Велес побарано на лицето да му биде изречена мерка притвор, за да не го повтори делото или да избега.

    „Полициски службеници од СРВ Велес го лишиле од слобода А.Р. (20) од Велес поради сомнение дека сторил повеќе кривични дела Тешка кражба во куќи. Тој бил задржан во полициска станица и денеска во 8  часот бил спроведен во Основен суд Велес за да биде изведен пред судија на претходна постапка. Откако го предале на судијата, полициските службеници останале во ходникот пред судницата. Тој во судницата ја турнал дактилографката и избегал преку отворениот прозорец. По преземени мерки, во 11. часот  лицето А. Р. било пронајдено и приведено во СВР Велес. При преземањето мерки, во два наврати полициски службеници испукале предупредувачки куршуми во воздух“, соопшти МВР.

    Откако бил уапсен, А. Р. бил спроведен во затворот во Шутка во Скопје за издржување на казната притвор, која му ја определила  судијката во  претходна постапка.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира