На Плоштадот Македонија се отстрануваат дрвја заради литургијата на папата Фрањо на 7 мај. Од Град Скопје велат дека, по барање на Координативното тело за посетата на папата, привремено се отстрануваат две дрвја кои веднаш на 8 мај повторно ќе бидат засадени на истата локација.
„Станува збор за две дрвја кои поради безбдносни причини треба да се отстранат од Плоштадот. Се работи со специјалната машина за пресадување и дрвјата ќе се засадат во расадникот во Бутел додека повторно се вратат на Плоштад. Нема да се уништат“, велат од Град Скопје.
Освен дрвја, денеска од Плоштадот од истите причини се отстрануваа и канделабрите.
Литургијата на папата Фрањо на Плоштадот Македонија ќе започне во 11.30 часот.
А. АНТЕВСКА