ПРОФЕСОРКА ОД ХЕМИСКОТО УЧИЛИШТЕ ВО ВЕЛЕС ПОЗИТИВНА НА КОРОНАВИРУС

    ПРОФЕСОРКА ОД ХЕМИСКОТО УЧИЛИШТЕ ВО ВЕЛЕС ПОЗИТИВНА НА КОРОНАВИРУСКолегите на заразената професорка од „Димитрија Чуповски“ не се ставени во изолација (Фото: СДК.МК)

    Нов случај на коронавирус во образованието во Велес, заразена е професорка од Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“. Според епидемиолозите, таа била на домашно лекување и не покажувала симптоми. На нејзините колеги не им е одредена изолација.

    „Случајот е од пред некој ден. Пациентката била на работа само еден ден. Нема лица кои се во изолација, оти кога била на работа, таа немала контакти, според епидемиолошката анкета. Не може ниту да прецизира од кого се заразила. Таа е на домашно лекување, без некои сериозни симптоми“, изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.

    Вчера имаше случај на позитивен просветен работник во ОУ „Васил Главинов“, од каде што десет наставници се во изолација.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира