ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ОРИЗ ОД УТРЕ ПРОТЕСТИРААТ, ЌЕ ГО БЛОКИРААТ ПАТОТ ШТИП-КОЧАНИ КАЈ ОБЛЕШЕВО

    ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ОРИЗ ОД УТРЕ ПРОТЕСТИРААТ, ЌЕ ГО БЛОКИРААТ ПАТОТ ШТИП-КОЧАНИ КАЈ ОБЛЕШЕВООд последната блокада во Облешево на 8 февруари, кога неколкумина протестанти беа дадени на суд (Фото: СДК.МК)

    Незадоволни од ниската откупна цена на оризовата арпа и белиот ориз наспроти зголемените цени на репроматеријалите и до 200 проценти и на горивото, производителите на ориз од Кочанско за утре најавуваат протест со блокирање на патот Штип-Кочани кај селото Облешево.

    Претседателот на одборот на оризопроизводители Здравко Арсов вели дека блокадата ќе трае без прекин два, три, пет или повеќе дена, сè до претстојната жетва на оризот, кој годинава во Кочанско е насеан на 4.500 хектари. Приносите ќе бидат помали поради неквалитетните пестициди кои го редуцираат родот од првично предвидените 22.000 тони.

    На светската берза цената на белиот ориз скокна на 2.500 евра за тон или 150 денари за килограм, додека кај нас откупната цена стагнира. Затоа бараме откупна цена од 40 денари за оризова арпа и 80 денари за бел ориз“ вели Арсов.

    Блокадата на патот во селото Облешево ќе почне во 10 часот. Сè уште не било одлучено дали ќе бидат блокирани двете или една коловозна лента, а ќе се пропуштаат само возилата на брзата помош или некои други итни случаи.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира