ПРОНАЈДЕНИ ЧОВЕЧКИ ОСТАТОЦИ ВО ИЗГОРЕНАТА КУЌА НА ПАУНОВИ ВО ВЕЛЕС

    ПРОНАЈДЕНИ ЧОВЕЧКИ ОСТАТОЦИ ВО ИЗГОРЕНАТА КУЌА НА ПАУНОВИ ВО ВЕЛЕССо ДНК анализа ќе се испитува дали се на сопственикот Миле Паунов (Фото: СДК.МК)

    При денешното расчистување на изгорената куќа на Паунови, крим техника од СВР Велес пронашла човечки остатоци. Според ОЈО Велес, тие ќе бидат испратени на ДНК-вештачење во Институтот за судска медицина за да се потврди дали се на сопственикот на куќата Миле Паунов (79).

    Истовремено трае и истрага за причините на пожарот, кој ја уништи куќата која беше културно наследство и под заштита на државата. Пожарот избувна во петокот околу 22 часот и освен куќата на Паунови, ја уништи и соседната на Маневи, и двете во маалото на Варналиите, старо градско јадро на Велес. Во локализирањето на пожарот учествуваа екипи на пожарникари од Велес, Скопје, Кавадарци, Неготино и Свети Николе.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира