ПРОПАЃА AMAMOT, НАЈГОЛЕМИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ОХРИД

    ПРОПАЃА AMAMOT, НАЈГОЛЕМИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ОХРИДАмамот cвоевидено беше најавуван како место каде што ќе се развива малиот бизнис за охриѓани, со отворање златари, продавници за текстил, парфимерии, кафетерии (Фото: СДК.МК)

    Најголемиот трговски центар во центарот на Охрид, Амамот, пропаѓа. Своевидено беше најавуван како место  каде што ќе се развива малиот бизнис за охриѓани, со отворање златари, продавници за текстил,  парфимерии, кафетерии. Наместо тоа сега има многу празни дуќани кои се продаваат или се нудат под кирија.

    Објектот има три ката сосе приземјето. Моментално работат само дуќаните на првиот кат од страна на чаршијата и оние што гледаа кон улицата Македонски Просветители. Горните катови се речиси празни, насекаде има искршени прозорци, запуштени скали.

    Објектот има три ката сосе приземјето, моментално работат само дуќаните на првиот кат од страна на чаршијата, горните катови се речиси празни, насекаде има искршени прозорци, запуштени скали (Фото: СДК.МК)

    „Секој сам си го чисти просторот пред дуќанот. Нема договор за заедничко одржување на хигиената во објектот. Едно време овде имаше чувар, но сега и тоа го нема. Затоа не чуди што во доцните вечерни часови  овде се собираат уживатели на опијати. Ова посебно е карактеристично во летниот периот кога има и млади од странство. Имаше неколку обиди објектот заеднички да го одржуваме, но поради сѐ помалиот број на корисници на дуќани, оваа идеја не може да се реализира”, вели дуќанџијата Гоце Трајчевски.

    Во објекот има стотина дуќани, од кои најголемиот дел не се користат. Ова е видливо на погорните катови.

    Во објекот има стотина дуќани, од кои најголемиот дел не се користат (Фото: СДК.МК)

    „Знам дека има сопственици кои бараат високи кирии, иако знаат дека на катовите има слаб интерес некој да започне некој  ситен бизнис. Го знам и тоа дека тие објектите ги купија бидејќи се финансиски добро ситуирани и по сѐ изгледа дека не им е многу битно дали дуќанот ќе го издадат или не. Овде, на горните катови, во зависност од површината на објектот, киријата е околу 300 евра месечно, а може да се изнајми дуќан и за помалку. Високи кирии се бараат за дуќаните на првиот кат и тие се движат околу 500 до 800 евра месечно, иако никој тоа јавно не го кажува”, вели Трајчевски.

    Амамот е архитектонско дело на некогашното Ателје за архитектура при поранешната градежна фирма „Трудбеник”. За архитектонските решенија овој објект при крајот на осумдесеттите години од минатиот век доби и бројни признанија.

    Беше замислено тука, на едно место, да бидат сместени дуќани главно за услужни дејности. Наместо тоа, овој грандиозен објект сега пропаѓа, а од првобитната намена не остана ништо. Успешно работат неколку златари и кафулиња. Продавниците на текстил животарат.

    „Сѐ додека се држат високи цени ка кириите, овој објект нема да заживее. Луѓето немаат пари, а и прометот во постојните постојано опаѓа. Затоа не е чудно што многу дуќани се затворени, а има и такви кои се нудат на продажба”, вели Трајчевски.

    Д. ЧУБРИЌ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира