ПРОСЛАВА ПРЕД УНИШТЕНАТА СПОМЕН КОСТУРНИЦА ВО КУМАНОВО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОСЛАВА ПРЕД УНИШТЕНАТА СПОМЕН КОСТУРНИЦА ВО КУМАНОВО

    Со целосно уништени или оштетeни споменици Куманово ја слави 25 годишнината од независноста на државата. Граѓаните кои што денеска отидоа да положат цвеќе на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ се фрапираа од она што го видоа – уништен релјеф, откорната плоча со имињата на загинатите борци, скршени скали и жардињери, графити и чкртаници на споменикот и плочникот.

    „Ова е срам не само за нас, туку првенствено за оние кои што добиле мандат да ја водат државата, рече во обраќањето пред присутните претседателот на Советот на Куманово, Максим Димитриевски.

    Цели плочи со имињата на загинатите во антифашистичката борба се откорнати (Фото: СДК.МК)

    Цели плочи со имињата на загинатите во антифашистичката борба се откорнати (Фото: СДК.МК)

    Во спомен костурницата во Куманово се наоѓаат коските на околу 300 загинати борци од Втората светска војна. Покрај спомен костурницата во очајна состојба се наоѓаат и другите спомен обележја, бисти, спомен плочи, бидејќи никој не ги одржува од осамостојувањето на државата.

    Спомен костурницата во Куманово е под надлежност на Министерството за култура, и од секторот за култура во Општина Куманово велат дека тие не смеат да интервенираат на споменикот без одобрение на Конзерваторскиот центар. Со години наназад со Сојузот на борците бараат да се одвојат сретства за одржување и реставрација на споменикот, но безуспешно. Одржувањето на хигиената и зеленилото  е под надлежност на Општина Куманово.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира