ПРОТЕСТ НА ПРИВАТНИТЕ ДОКТОРИ НЕЗАДОВОЛНИ ОД ПРЕДЛОГ-ДОГОВОРОТ ЗА РАБОТА СО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО

    ПРОТЕСТ НА ПРИВАТНИТЕ ДОКТОРИ НЕЗАДОВОЛНИ ОД ПРЕДЛОГ-ДОГОВОРОТ ЗА РАБОТА СО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО„За три години од примарното здравство од Македонија заминаа 1.200 доктори, сега бројката на доктори е 1.533 и имаме реален недостиг“, рече д-р Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари на Македонија (Фото: СДК.МК)

    Докторите од примарното здравство од Велес, Берово, Гевгелија, Кичево, Виница, Неготино, Валандово, Свети Николе, Дојран денес протестира пред подрачните случби на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), незадоволни од здравствената политика на Фондот и Министерството за здравство. Рекоа дека овој протест  е израз на револтот од неприфаќањето на нивните барања и несоодветната реакција за потребите на приватното здравство и понудениот предлог-договор за работа за наредните пет години.

    „Ниту едно од нашите барања, реакции на предлог-договорот за работа за следните пет години кој е многу лош, не е прифатено. Препораките од Светска здравствена организација се исти како нашите и ниту една не е прифатена. Ваков каков што е предлог-договорот нема да го потпишеме оти сакаме да останеме во државата и бараме почит“, рече д-р Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари на Македонија.

    Таа смета дека придобивките кои ги добиле во минатото, сега со овој предлог договор се поништени.

    „Лошата здравена политика во земјава резултирала во моментов во Македонија да нема доволен број медицински сестри и доктори. Дали на државата ѝ треба здравствен персонал? За три години, од примарното здравство од Македонија заминаа 1.200 доктори, сега бројката на доктори е 1.533 и имаме реален недостиг“, рече д-р Чолакова-Дервишова.

    Таа рече дека наспроти најавите оти казнената политика во државата ќе биде намалување на казните, во предлог договорите што ги добиле од ФЗОМ се казните се зголемуваат и место на фиксен дел од капитација, тие сега се однесуваат на целиот буџет.

    „Законот за здравствена заштита е во собраниска процедура, а членот 32 не е променет, како што со години бараме. Многу пати сме кажале, писмено сме барале дека пациентите мора да бидат евидентирани на амбуланта не на доктор, а тоа никако законски да се уреди. Најавеното зголемување на капитацијата никако да се случи, не очекуваме 90 денари веднаш како што беше најавено во програмата, туку постепено. Ние исплатуваме К-15, а јавното здравото не. Ним им ги покачија платите за 5 отсто, кај нас капитацијата е иста. Во хрватскиот и бугарскиот здравствен систем нема казни, кај нас 51 ставка се за казни“, кажа д-р Чолакова-Дервишова.

    Лекарската комора на Македонија соопшти нивни претставници биле на преговорите меѓу матичните лекари и директорите на ФЗОМ околу новите договори што треба избраните лекари да ги потпишат со Фондот. Според информациите од Комората, преговорите со директорите на ФЗОМ Ден Дончев и Орхан Рамадани, како и со раководителите на секторите во Фондот минале во конструктивна атмосфера и договориле средбата да продолжи во текот на наредната недела.

    „Делегација на Лекарската комора во која имаше и претсавници од Комисјата за следење на промените во здравствениот систем и на повеќе здруженија од примарната здравствена заштита: педијатри, гинеколози и лаборатории денес ги почна преговорите со Фондот за здравствено осигурување за договорите за извршување и плаќање на здравствените услуги во примарната здравствена заштита. Во исклучително конструктивна атмосфера беше истакнато дека и Фондот и докторите се подготвени низ дискусија да се најде најсоодветното решение во рамките на законската регулатива и буџетот на ФЗОМ, за давателите на услугите , но пред сѐ во интерес на граѓаните на Република Македонија“, велат од Лекарската комора.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира