ПРВА ПРОМОЦИЈА НА СТИХОЗБИРКИ ОД ЗАТВОРЕНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

    ПРВА ПРОМОЦИЈА НА СТИХОЗБИРКИ ОД ЗАТВОРЕНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈАДвајцата автори на првите затворски стихозбирки Бојан Јованов и Жарко Миличевиќ (десно) кои преку стихозбирките јавно проговорија за себе и за нивните дела (Фото: СДК.МК)

    Казнено- поправниот дом од Штип и Народната библиотека „Гоце Делчев “ во Штип ги промовираа првите книги на затвореници во Македонија, стихозбирките „Саркофаг“ и „Стихови од една Водолија“ од авторите Бојан Јованов и Жарко Миличевиќ и двајцата од Штип, осудени на пет, односно на осум години затвор.

    За време издржувањето на казните, двајцата затвореници одвоено почнале да пишуваат поезија, а подоцна како членови на затворската библиотека заедно со управата на КПД дошле на идеја нивните ракописи да се објават во посебни печатени изданија чија промоција се одржа во НУБ „Гоце Делчев“ во Штип .

    „Поезијата, литературата, културата се најдбрите методи за ресоцијализација на лицата кои се наоѓаат во казнено- поправните домови. Во нивната поезија се чувствува стравот, а тој пак понесува одговорност кога ќе се вратат од каде што дошле. Темнината и тунелот во кој пишуваат само им влева надеж дека тука нешто се случува и има свој поубав крај. Со еден мошне прифатлив поетски стил тие, тоа и го кажуваат“, рече на промоцијата еден од рецензентите, писателот  Трајче Кацаров.

    Од штипскиот затвор најавуваат дека наскоро со Градската библиотека ќе организираат промоции и на други слични дела и отворање на изложба на скулптури изработени од затворениците со уметнички афинитети.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира