ПРВАЧИЊАТА ВО КУМАНОВО ВО СЕПТЕМВРИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПО 2.000 ДЕНАРИ

    ПРВАЧИЊАТА ВО КУМАНОВО ВО СЕПТЕМВРИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПО 2.000 ДЕНАРИСоветниците од Куманово кажаа дека одлуката е правична и се однесува на сите семејства кои имаат првачиња. (Фото: СДК.МК)

    Општина Куманово на секое прваче кое ќе се запише во новата учебна 2023/24 ќе му обезбеди 2.000 денари. Советниците вчера ја донесоа оваа одлука за да им ги олеснат трошоците на семејствата на новите ученици.

    „Ова е прва година како се даваат субвенции на родителите кои запишуваат ученик во прво одделение во учебната 2023/24 , и исплатата ќе врши по ученик. Определено е да се исплатува по 2.000 денари. Барањата можат да се поднесат во Општина Куманово или во училиштата од 1 јуни до 30 септември, откако детето ќе се запише во училиште. Посакувам ова да стане пракса и да се спроведува секоја година бидејќи и оваа симболична сума е од помош на семејствата на учениците“, изјави Александар Јовановиќ, раководител на Секторот за образование во Општина Куманово.

    Предлогот за давање финсиска поддршка на семејствата кои имаат првачиња беше поддржана од сите советници. Идејата постоеше уште од минатата година, но се донесе за наредната учебна година.

    Советниците кажаа дека одлуката е правична и се однесува на сите семејства кои имаат првачиња. Од годинашново искуство ќе се креираат политики за наредните години за поддршка и на други категории на ученици.

    Субвенции на првачињата веќе има во повеќето градови во земјата.

    С. НИКОЛИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира