ПРВО СРЕДБИ СО ГАЗДИТЕ НА ГАЛИИТЕ, ПА ОДЛУКА ЗА ДИСЛОЦИРАЊЕ, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

    ПРВО СРЕДБИ СО ГАЗДИТЕ НА ГАЛИИТЕ, ПА ОДЛУКА ЗА ДИСЛОЦИРАЊЕ, ВЕЛИ ШИЛЕГОВГрадоначалникот Петре Шилегов вели дека галиите, насипите и градежниот шут ја намалуваат проточноста на водата и затоа се опасност. (Фото:М.Златевска)

    Инспектори од Град Скопје неделава ќе имаат состаноци со сопствениците на галиите во реката Вардар, по што ќе се знае дали и како ќе се дислоцираат.

    „Во тек е правната постапка, деновиве надлежни инспекциски органи од Град Скопје ќе ги посети сопствениците на објектите за да ја видиме нивната усогласеност со согласно дадени решенија па ќе ги преземеме натамошните чекори. Последните дождови покажаа дека мегаломанскиот проект Скопје 2014 станува реална опасност за граѓаните и нивните имоти. Галиите, насипите и градежниот шут ја намалуваат проточноста на водата“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

    Шилегов рече дека изградбата на панорамското тркало е стопирана. Досега, на ГП „Бетон“ е платено за изведените позиции околу 10 милиони евра, понатамошната фаза предвидува поставување на тркалото, за што договорот е сторниран и Градот нема да треба да плаќа.

    Што ќе биде со спорните објекти и споменици од проектот „Скопје 2014“, градоначалникот Шилегов рече дека тимови од повеќе надлежни институции утврдуваат протокол за нив, по што ќе се донесат одлуки.

    Екипи од јавните претпријатија на Град Скопје од денска почнаа да го расчистуваа коритото на реката Вардар од насобраното ѓубре и градежен шут.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира