ПРВО ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ПА НОВ НОТАР ВО РАДОВИШ, РЕЧЕ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА РИСТОВСКИ

    ПРВО ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ПА НОВ НОТАР ВО РАДОВИШ, РЕЧЕ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА РИСТОВСКИПоловина година жителите на општините Радовиш и Конче, каде што живеат околу 30 илјади жители, се без нотар откако единствениот Јован Стојчев замина во пензија (Фото: СДК.МК)

    До крајот на годинава тешко дека радовишани ќе добијат нотар. Заменик-министерот за правда Оливер Ристовски од собраниската говорница, на поставеното прашање на пратеничката Милевка Ѓеоргиева истакна дека во моментов нема услови ниту за спроведување конкурс ниту пак услови за полгање нотарски испит. Причина било сегашното законско решение за нотаријат донесено од 2016, кое постапката ја правела гломазна, а во мегувреме ниту е формирана комисија ниту пак база на прашања за полагање нотарски испит.

    „По донесувањето на законот во 2016, Министерството за правда во тоа време не направило база на прашања и база на студии на случај по претходно формирана комисија од експертската јавност за полагање нотарски испит. Од тие причини во моментов е невозможно да се распише оглас за избор на нотар, а исто така и за полагање нотарски испит. Ние ги изготвивме измените на законот, но има судир на ставовите и забелешките на нотарската и адвокатската комора на Македонија по одредени прашања. Се надевам дека во скоро време ќе ги усогласат нивните ставови за да ги донесеме измените за да се олесни постапката за избор и полагање нотарски испит”, рече заменик минситерот за правда Оливер Ристовски кој најави двајца нотари за жителите на Радовиш и Конче.

    Половина година жителите на општините Радовиш и Конче, каде што живеат околу 30 илјади жители, се без нотар откако единствениот Јован Стојчев замина во пензија. Министерството за правда како алтернатива донесе одлука да се користат услугите од нотарот Јанко Милушев во Струмица, за што радовишани мора да се изложуваат на дополнителни трошоци за патување.

    „Срамота е ова. Половина година немаме нотар и мора да патуваме за Струмица. Иди-дојди околу 600 денари за пат и губење половина или цел ден. Мора да се најде решение Радовиш да има свој нотар не еден туку двајца. Надлежните мора да имаат увид кој кога заминува во пензија и кое подрчје ќе остане без нотар и да интервенираат за да не трпат граѓаните”, коментираа радовишани.

    Освен радовишани, ваков проблем имаат и жителите на Кратово кои користат нотарски услуги од нотар во Куманово.

    В. ТРАЈКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари