ПУКНА ЦЕВКА ОД ВОДОВОДНИОТ СИСТЕМ КАЈ МЕСНОСТА ЛЕШНИЦА, ЖИТЕЛИТЕ НА ТЕТОВО СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА Е НАМЕРНО ОШТЕТЕНА

    ПУКНА ЦЕВКА ОД ВОДОВОДНИОТ СИСТЕМ КАЈ МЕСНОСТА ЛЕШНИЦА, ЖИТЕЛИТЕ НА ТЕТОВО СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА Е НАМЕРНО ОШТЕТЕНАПоради голем дефект на цевководот од месноста Лешница ќе има недостиг на вода од 15-20 литри во секунда (Фото: СДК.МК)

    Жителите на Тетово повторно се соочуваат со намален доток на вода за пиење. Од Јавното претпријатие „Шар“ велат дека причината е голем дефект на дел од цевководот преку кој од месноста Лешница градот се снабдува со вода за пиење. За дефектот е информирана и полицијата бидејќи има сомнение дека оштетувањето на цевката е намерно предизвикано.

    „Поради голем дефект на цевководот од месноста Лешница ќе имаме недостиг на вода од 15-20 литри во секунда. Полицијата од Тетово ќе излезе на лице место за да го расчисти случајот бидејќи има сомнежи дека штетата ја направил случаен минувач во автомобил или пак оштетувањето е предизвикано“ намерно, информираат од јавното претпријатие“.

    Екипата на ЈКП „Шар“ е пристигната на местото каде е пукната цевката и се работи на санирање на дефектот.

    З.АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира