ПУНКТОТ ЗА ЗЕМАЊЕ БРИС ЗА КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС ПРЕСЕЛЕН ВО НЕКОГАШНИОТ ХОТЕЛ „ВИЛА ЗОРА“

    ПУНКТОТ ЗА ЗЕМАЊЕ БРИС ЗА КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС ПРЕСЕЛЕН ВО НЕКОГАШНИОТ ХОТЕЛ „ВИЛА ЗОРА“Во овој пункт за тестирање доаѓаат лица освен од Велес и од Скопје, Свети Николе, Кавадарци. (Фото: СДК.МК)

    Пунктот за земање на брисеви за ковид-19 во Велес е преселен од зградата на поранешното ОУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во поранешниот хотел „Вила зора“, соопшти градоначалникот Аце Коцевски. Тој објект е стотина метри подалеку од оној каде што досега работеше пунктот.

    Во овој пункт доаѓаат лица освен од Велес и од Скопје, Свети Николе, Кавадарци. Од Центарот за јавно здравје Велес велат дека оваа одлука за новата локација на пунктот е на кризниот штаб на Општина Велес.

    „Моравме да ги ослободиме просториите од поранешното училиште, бидејќи таму се наоѓаат дури три гласачки места за вонредните парламентарни избори. Обезбедивме простор во зградата на поранешниот хотел ‘Вила зора’, од долна страна  покрај реката Вардар, соодветно подготвен, безбеден. На надлежните органи, полицијата, дадовме обврска да ги контролираат лицата кои доаѓаат да бидат проверени, да не се шетаат низ градот, по продавниците“, кажа Коцевски.

    Тој вели дека дека секојдневно по земањето брисеви се врши дезинфекција на просторијата и околу неа, од вработен на ЈКП „Дервен“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира