ПУШТЕНА ЗГРАДА НА ХАБИТАТ ЗА 12 СЕМЕЈСТВА СО НИСКИ ПРИМАЊА ВО ВЕЛЕС

    ПУШТЕНА ЗГРАДА НА ХАБИТАТ ЗА 12 СЕМЕЈСТВА СО НИСКИ ПРИМАЊА ВО ВЕЛЕСИзвршниот директор на Хабитат Македонија Зоран Костов, вицепремиерот Кочо Анѓушев и градоначалникот на Велес Славчо Чадиев на предавањето на клучевите на станрите во зградата на Хабитат (Фото: СДК.МК)

    Хабитат Македонија ја пушти во употреба новата, петта станбена зграда, изградена во населбата Тунел, во Велес наменета за семејства со ниски примања, и сите 12 стана се купени. За десет години работа  на Хабитат Македонија во Велес изградени се пет згради, а веќе сe удрени темелите на шестата од 11-те кои се планирани да се изградат на овој простор.

    За десет години работа на Хабитат Македонија, во Велес изградени се пет згради, а веќе сe удрени темелите на шестата од 11-те кои се планирани да се изградат на овој простор (Фото: СДК.МК)

    „Оваа зграда не е така голема со 12 стана и 750 м2 корисна површина. Меѓутоа нејзиното значење за семејствата, заедницата и Општина Велес е големо затоа што е  градена со донации од корпорации претежно од САД, поединци, волонтерски  труд на повеќе од 1.400 волонтери, најмногу од САД, кои овде во Велес, на овој простор потрошиле 10 илјади работни денови за изградба на овие пет згради. Тоа е најголемото значење. Така се огледа општествената одговорност на корпоративниот сектор во САД кон заедници кои имаат потреба и се далеку од САД. Одговорноста на поединци од цел свет кои волонтираат во овие згради туку и донираат лични средства за изградба на зградите“, рече Зоран Костов  извршен директор на Хабитат Македонија.

    Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев најави дека конечно по пет години летово ќе ги завршат асфалтирањето  на двете улици, за кои комуналиите се платени одамна, а овој период им дојде редот за бидат завршени.  Тој најави и изградба на забавен парк за деца, оти повеќето станари се млади.

    На предавањето на клучевите од становите беше и вицепремиерот Кочо Анѓушев и претставникот на УАСИД за Македонија.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира