РАБОТНИК ОД „ПЕЛАГОНИЈА“ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА ДЕКА ПО ТЕЛЕФОН МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ СИНОТ НА ЕДЕН ОД ГАЗДИТЕ КОЈ Е ВО ПРИТВОР

    РАБОТНИК ОД „ПЕЛАГОНИЈА“ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА ДЕКА ПО ТЕЛЕФОН МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ СИНОТ НА ЕДЕН ОД ГАЗДИТЕ КОЈ Е ВО ПРИТВОРОд СВР Битола потврдија дека во петокот околу 16 часот, 55-годишниот М. М. пријавил оти истиот ден околу 12 часот преку телефон добил закани од Д. П. (40), не откриваат повеќе детали и велат дека се работи на расчистување на случајот; - ЗК „Пелагонија“ (Фото: СДК.МК)

    Претставник од синдикалната организација во Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, во петокот за време на протестите на вработените добил закани по телефон од синот на еден од газадите кој сега е во притвор, велат вработени од „Пелагонија“. Работниците велат дека случајот го пријавиле во полиција.

    Од СВР Битола потврдија дека во петокот околу 16 часот, 55-годишниот М. М. пријавил дека истиот ден околу 12 часот преку телефон добил закани од Д. П. (40). Од полицијата не откриваат повеќе детали и велат дека се работи на расчистување на случајот.

    Во петокот во „Пелагонија“ имаше протест на вработени поради неисплатените плати за октомври и ноември. Воедно беше променет и лидерот на синдикалната организација. Попладнето, плата и пол им беше исплатена и работниците се откажаа да организираат штрајк.

    Пред еден месец, сопственикот на Комбинатот Орце Камчев заедно со Цветан Панделески, член на бордот на директори, завршија во притвор за случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој 13- мина се осомничени за злосторничко здружување, измама, перење пари и злоупотреба на службената положба. Неколку дена подоцна, извршители му ја блокираа сметката на Комбинатот по барање на банките и други доверители. Според податоците од Македонска берза, Компанијата има долг кон банките од 23 милиони евра. Сепак, сметката беше одблокирана за „Пелагонија“да може да работи и да ги враќа долговите. Во фирмата има околу петстотини вработени.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира