РАДОВИШ ДОБИ ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ОД ЕВРОПСКИ ПАРИ

    РАДОВИШ ДОБИ ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ОД ЕВРОПСКИ ПАРИПречистителната станица со капацитет за 25 илјади жители ја финансираше ЕУ преку ИПА програмата, за што додели 5 милиони евра, додека од државата беа издвоени околу милион евра. - Станицата во употреба ја пуштија премиерот Зоран Заев и ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар (Фото: СДК.МК)

    Нема да се загадува Радовишка река, а нивите од радовишкото поле нема да се наводнуваат со нечиста вода, рече премиерот Зоран Заев кој заедно со евроамбасадорот Самуел ја стави во функција пречистителната станица во Радовиш. Изградбата на станицата со капацитет за 25 илјади жители ја финансираше ЕУ преку ИПА програмата, за што додели 5 милиони евра, додека од државата беа издвоени околу милион евра. Изградена е станица за третман на отпадните води, проширена е канализациската мрежа, а изградени се и нови колектори.

    „Наводнувањето на земјоделските површини ќе се врши со чиста и здрава вода, што е предуслов за производство на здрава храна. Во Радовишка река нема повеќе да се одлеваат отпадни води, туку пречистена вода од станицата. Проект опфаќа и изградба на нов колекторскиот систем како и обнова на канализациска мрежа“, кажа Заев.

    Станицата во Радовиш е трета по ред финансирана од ЕУ. Со европски пари претходно беа изградени станици во Струмица и Кичево за што досега за третман на отпадните води унијата на државата има доделено 21 милион евра.

    „Заштитата на животната средина и создавањето услови за поквалитетен живот и одржлив развој е една од главните определби на ЕУ. Заедно со државата, работиме на реформи во секторот води, за да се обезбеди заштита на природните ресурси и одржливо водоснабдување за сите граѓани. Ние остануваме партнер на државата и ќе продолжиме да поддржуваме проекти во интерес на граѓаните“, рече Жбогар кој најави дополнителни 113 милиони евра за овој сектор во наредните години.

    В. ТРАЈКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира