РАКАТА ДА МИ СЕ ИСУШИ АКО ДАДАМ ПАРИ ЗА ФАСАДАТА НА „ПЕЛАГОНИЈА“, КАЖА ШИЛЕГОВ

    РАКАТА ДА МИ СЕ ИСУШИ АКО ДАДАМ ПАРИ ЗА ФАСАДАТА НА „ПЕЛАГОНИЈА“, КАЖА ШИЛЕГОВСкопскиот градоначалник Петре Шилегов на прославата на победата во првиот круг од локалните избори. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Парите за барокните фасади ќе се пренаменат за енергетски фасади на средните училишта, најави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов  на денешната седница на Советот. Тој најави дека ниту една барокна фасада нема да се гради, меѓу кои и онаа на зградата на „Пелагонија“ до Порта Македонија, која веќе се реновира.

    „Раката да ми се исуши ако го потпишам договорот за фасадата на ‘Пелагонија’ од 1,3 милиони евра. Се трошеле милиони евра за фасади. ‘НАМА’ ги чини граѓаните 2,3 милиони евра. Парите за оваа намена што ги планирало минатото раководство од 6 милиони евра ќе ги пренамениме за фасади во средните училишта” рече Шилегов.

    Градоначалник кажа дека Градот има долг од 36 милиони евра.

    „Тоа е потрошен основен буџет за 2018 година. Срамота е ивршувањето на буџетот за 9 месеци да е 50 отсто. Тоа покажува дека сте правале само големи приказни, сте го предимензионирале буџетот, а сте немале толку пари за реализација” им рече Шилегов на советниците од ВМРО-ДПМНЕ на нивните изјави дека претходниот градоначалник Коце Трајановски му оставил полна градска каса.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира