РАСКИНАТ ДОГОВОРОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ФАБРИКА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО, ЗА КОЈА ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ И АРТАН ГРУБИ ПОСТАВИЈА КАМЕН-ТЕМЕЛНИК ВО 2022

    РАСКИНАТ ДОГОВОРОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ФАБРИКА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО, ЗА КОЈА ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ И АРТАН ГРУБИ ПОСТАВИЈА КАМЕН-ТЕМЕЛНИК ВО 2022Во 2022 беше најавено дека фабриката ќе вработи 900 луѓе, а инвестицијата ќе биде вредна 130 милиони евра (Фото: Влада)

    Нема да има ништо од производството на првиот електричен автомобил во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово. Од дирекцијата на ТИРЗ пристигна соопштение дека се запира извршувањето на договорот со кој требаше на овој простор да се изгради фабрика за произведство на автомобили според германска лиценца.

    Дирекцијата на ТИРЗ како застапник на Владата во договорот за доделување државна помош со компанијата ‘е.Го‘ информира дека се запира извршувањето на договорот и на секоја постапка предвидена за доделување јавни средства. Запирањето на доделувањето државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата ‘мајка‘ во Германија. Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ ги активира заштитните механизми од потпишаниот договор кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување државна помош. Имајќи го предвид интересот на граѓаните, информираме дека и покрај доставените барања од страна на инвеститорот, досега не се доделени никакви средства на компанијата“, се вели во соопштението испратено од ТИРЗ Тетово..

    Во август 2022, тогашниот вицепремиер Артан Груби, заедно со Али Ахмети поставија камен-темелник за нова фабрика „Некст е.Го мобиле“, во која требаше да се произведуваат електрични автомобили. Тогаш беше најавено дека фабриката ќе вработи 900 луѓе, а инвестицијата ќе биде вредна 130 милиони евра, при што беше најавена и државна помош.

    Инвеститор на фабриката беше Љазим Дестани, сопственик на фирмата „Еколог“, а таа требаше да се гради во ТИРЗ Тетово и годишно да произведува 30.000 електрични автомобили. Се очекуваше првиот автомобил да излезе од производствената лента во 2024. Но, освен поставениот камен-темелник, во изминатиов период ништо друго не беше направено, ниту изградено.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира