РАСКОПАНИОТ ПЛОЧНИК НА ПЛОШТАДОТ ФИЛИП ВТОРИ ВО СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ТРЕВНИК

    РАСКОПАНИОТ ПЛОЧНИК НА ПЛОШТАДОТ ФИЛИП ВТОРИ ВО СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ТРЕВНИКПлоштадот со години стои со раскопан плочник и е претворен во див паркинг. (Фото: Паркови и зеленило)

    Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска почнаа со уредување на Плоштадот Филип Втори. Раскопаниот плочник кој со години стои искршен и е претворен во див паркинг, ќе биде тревник.

    Се работи за површина од околу 700 метри квадратни. Се поставува систем за полевање, а потоа ќе се засади трева. Во пролетната акција за зазеленување на градот ќе се насадат и зимзелени и листопадни садници“, велат од ЈП „Паркови и зеленило“.

    Плоштадот Филип Втори, кој е дел од проектот „Скопје 2014“ за кој владата на Никола Груевски потроши 700 милиони евра, беше уништен кога беа поставени скелињата за реконструкција во барок на фасадата на Министерството за транспорт и врски. Откако завршија градежните работи тарабите беа извадени, но плочникот никој не го уреди. Стоеше со земја и слободно се паркираа коли. На Плоштадот е уништена урбаната опрема и насекаде е расфрлано ѓубре.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира