РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОРОТ НА ЗООЛОШКА ОТИ ЗАКЛА 10 КОЊИ, ОВА Е ТРЕТ ДИРЕКТОР ШТО АРСОВСКА ГО ПОСТАВИ ПА ГО РАЗРЕШИ

    РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОРОТ НА ЗООЛОШКА ОТИ ЗАКЛА 10 КОЊИ, ОВА Е ТРЕТ ДИРЕКТОР ШТО АРСОВСКА ГО ПОСТАВИ ПА ГО РАЗРЕШИГрадоначалничката Арсовска се оградуваат од индивидуално превземените дејствија на директорот.(Фото: Град Скопје)

    Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го разреши директорот на Зоолошката градина Кристијан Стаменов заради колењето на 10 коњи. Од кабинетот на Арсовска велат дека Стаменов е разрешен по веста што денес ја потресе јавноста и се оградуваат од индивидуално преземените дејствија на директорот.

    „Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука преземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува“, се вели во сооптението од Град Скопје.

    Ова е трет директор кој градоначалничката Аросовска го разрешува од нејзиниот тим за водење на градот. Најпрво само неколку дена откако го назначи го разреши од функција директорот на ЈП „Градски паркинг“ Филип Пасху. Минатата недела го разреши директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Зуди Енуз, откако неговиот брат учествуваше во инцидент на плоштадот Скендер Бег , а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека сакал да го убие.  Во мај пак директорот на ЈСП „Скопје“ Иван Илиевски сам си поднесе оставка.

    Директорот на Зоолошката градина Кристијан Стаменов, за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека 16 коњи добиле од Агенцијата за запленет имот, при акции за фаќање дрвокрадци и шверцери, но десет од нив биле многу болни и затоа било решено тие да бидат заклани. Постапката, вели тој, е согласно законите и правилата за третман на животни, а известена е и Агенцијата за храна и ветеринарство.

    А. АНТЕВСКА

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира