РЕД СЕ ЧЕКА ЗА ГЛАСАЊЕ ВО БИТОЛА, 14,54 ОТСТО ГЛАСАЛЕ ДО 10 ЧАСОТ

    РЕД СЕ ЧЕКА ЗА ГЛАСАЊЕ ВО БИТОЛА, 14,54 ОТСТО ГЛАСАЛЕ ДО 10 ЧАСОТДо 9 часот на одредени избирачки места во Битола излезноста беше и до 17 проценти. (Фото: СДК.МК)

    Во услови на пандемија со ковид-19, во Битола изненади високата излезност на гласачите во претпладневните часови. До 9 часот на одредени избирачки места излезноста беше и до 17 проценти. Според ДИК, до 10 часот гласале 14,54 проценти од вкупниот број гласачи на избирачкиот список во општина Битола.

    Пред повеќето избирачки места, во дворовите или ходниците, во Битола граѓаните чекаат во редици, но на дистанца за да го остварат своето гласачко парво. Од повеќето избирачки одбори велат дека толку голем одзив во претпладневните часови не се памети во однос на претходните избори.

    „И претходно сум бил вклучен во изборни процеси, но толкава голема излезност немало претпладне како сега. За илустрација, на избирачко место 73 од 1.007 гласачи, само до 9 часот излезени се околу 160, што е 15 до 16 проценти. Досега немало ваква излезност, споредена со претходните пати е многу голема“, рече Зоран Ѓуровиќ, заменик-претседател во избирачки одбор.

    Сите гласачи носат маски и се почитуваат протоколите за заштита од ковид-19. Во Битола гласаат 81.488 гласачи на 169 гласачки места.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира