РЕДИЦИ БИТОЛЧАНИ ЧЕКАА ДА АПЛИЦИРААТ ЗА ОПШТИНСКИТЕ СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМИ

    РЕДИЦИ БИТОЛЧАНИ ЧЕКАА ДА АПЛИЦИРААТ ЗА ОПШТИНСКИТЕ СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМИОд Општината соопштија дека за нецели три часа беа поднесени 196 барања (Фото: СДК.МК)

    Денеска во Битола започна аплицирањето за надоместување на дел од трошоците за набавка на инвертер клима уреди за оваа година. Откако поради технички проблеми апликациите не можеа да се поднесуваат електронски, туку со физичко присуство, се чекаше во редици за да се достават документите.

    Од Општината соопштија дека интересот е голем и дека за нецели три часа беа поднесени 196 барања од граѓани, а процесот се одвива на организиран начин.

    Oпштина Битола ќе надоместува 30% од вкупната цена на уредот, но не повеќе од 18.000 денари. Услов за учество е барателот и членовите на неговото потесно семејство со иста адреса на живеење да немаат искористено субвенција за набавка на инвертер на претходни јавни повици спроведени од Општина Битола или од други држави институции.

    Рокот за аплицирање е продолжен за два дена и ќе трае до 12 април, по што барањата ќе бидат разгледани од Комисијата за евалуација. Согласно Програмата за животна средина на Општина Битола за 2023 година, бројот на добитници е ограничен до висина на определениот износ од 1,6 милиони денари со пресметан персонален данок на личен доход.

    Од Општината велат дека со истата Програма се предвидени и други субвенционирања, со цел да се стимулираат граѓаните да користат обновливи извори на енергија за затоплување на домаќинствата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира