РЕГИСТРИРАНИ ПЕТ НОВИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО БИТОЛА, ВКУПНО 14

    РЕГИСТРИРАНИ ПЕТ НОВИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО БИТОЛА, ВКУПНО 14Од вкупниот број потврдени позитивни лица, само две лица се хоспитализирани на Инфективното одделение во Клиничка болница Битола, додека 13 се на домашно лекување. (Фото: Центар за јавно здравје Битола)

    Потврдени се пет нови позитивни лица со КОВИД-19 во Битола со што бројката на заразени од вирусот се искачи на 14, соопштија од Центарот за јавно здравје во Битола.

    Стручен тим од Центарот во регионот на Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар има земено брисеви за испитување од вкупно 208 лица за КОВИД-19. Кај 170 лица брисевите се земени по епидемиолошки индикации, а кај 38 лица материјалите се со упатување од матичен лекар преку системот Мој термин. Од вкупниот број на земени брисеви, 172 се за лица со место на живеење во Битола, а 36 од Кичево, Ресен и Демир Хисар.

    Исто така регистрирано е и лице заболено од коронавирус од Демир Хисар. Пациентите од Битола и Демир Хисар вкупно на број 15 се на возраст од 5 до 85 години. Од нив осум се жени и седум мажи. Од вкупниот број потврдени позитивни лица, само две лица се хоспитализирани на Инфективното одделение во Клиничка болница Битола, додека 13 се на домашно лекување. Нема испишани оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство КОВИД-19, соопштија од Центарот за јавно здравје во Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира