РЕКРЕАТИВНИОТ КОМПЛЕКС ОД 8 КИЛОМЕТРИ ПОКРАЈ РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА ВО ШТИП ДОБИ И ПАРК ЗА ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ

    РЕКРЕАТИВНИОТ КОМПЛЕКС ОД 8 КИЛОМЕТРИ ПОКРАЈ РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА ВО ШТИП ДОБИ И ПАРК ЗА ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИПо изградбата на две патеки, пешачка и велосипедска во должина по 8 километри се изградија и два посебни парка за рекреација на граѓаните и за рекреација на нивните домашни миленици. (Фото: СДК.МК)

    Општина Штип отвори посебен парк за рекреација на домашни миленици и тој веќе е дел од рекреативниот комплекс покрај реката Брегалница кој се протега од населбата Балканска до Штипско Ново село во должина од 8 километри.

    Паркот за миленици е со реквизити и со неопходните содржини за рекреација на домашните миленици и истиот целосно е осветлен што значи паркот може да се користи и навечер.

    „За паркот се потрошени речиси еден милион денари од кои 500.000 се средства од буџетот на Општина Штип, а останатиот дел се средства на општествено одговорни компании од Штип и од невладината организација Локална акциона група Плачковица од Радовиш која ги обезбедила од УСАИД програмата“ вели раководител на кабинетот на градоначалникот во Штип, Трајче Здравков.

    „Последниот пат кога бев на пешачката патека немаше парк за миленици. Сега кога видов дека има и од скоро е во функција пријатно се изненадив.Тоа што само јас сум тука со моето куче говори дека и голем број граѓани сè уште не знаат дека постои вакво катче за миленици и добро е што веќе е во функција. Добро е што долж патеката и кај двата рекрeативни паркови има клупи и вода за пиење“, вели сопственикот на домашниот миленик, кучето Голер.

    За неполни десет години Општина Штип изгради пешачки патеки од двете страни во уреденото корито на реката Отиња, потоа пешачка патека покрај реката Брегалница во Штип, веднаш до пешачката патека со иста должина е изградена и велосипедска патека и комплетно се уредени со канделабри, поставени се над стотина клупи, иnсталирани се и чешми со вода за пиење, изграден е посебен парк за рекреација на граѓаните за вежбање на справи,а комплексот деновиве е комплетиран и со парк за домашни миленици.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира