РЕСЕН УСПЕА СРЕДЕ ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА НАГЛО ДА ГО НАМАЛИ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

    РЕСЕН УСПЕА СРЕДЕ ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА НАГЛО ДА ГО НАМАЛИ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТОпштината од која дел е и Преспанскиот Регион летово посетен од многу туристи, успева среде сезона да ги намали ширењето на болеста и да се вброи во оние со најмал број заразени; - Плажа во Преспа. (Фото: СДК.МК)

    Минаа шест дена без ниеден новозаболен од коронавирус во Ресен, градот каде пред еден месец вирусот се ширеше со брзо темпо. Градот се опоравува од болеста, па според статистиката на Министерството за здравство, сега има 19 активни случаи од 146 заболени од почетокот на епидемијата или 13 проценти. За разлика од сега, на 10 јули во Ресен имаше четири пати повеќе лица кај кои болеста беше во тек, односно 88.

    Од почетокот на епидемијата Ресен важеше за една од најбезбедните општини, зашто до мај немаше ни еден случај на ковид-19. По ова, се случија неколку погреби и семејни слави по што бројката нагло скокна. Но, беа преземени мерки на лоцирање на кластерите, изолации на болните и контактите, а и фабриките каде имаше позитивни случаи времено престанаа со работа.

    Општината од која дел е и Преспанскиот Регион летово посетен од многу туристи, успева среде сезона да ги намали ширењето на болеста и да се вброи во оние со најмал број заразени.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира