РЕСЕНЧАНЕЦ СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА ПЛАНИРА СО ТРИЦИКЛ ДА ЈА ОБИКОЛИ ДРЖАВАТА И ДА СЕ СРЕТНЕ СО ЗАЕВ

    РЕСЕНЧАНЕЦ СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА ПЛАНИРА СО ТРИЦИКЛ ДА ЈА ОБИКОЛИ ДРЖАВАТА И ДА СЕ СРЕТНЕ СО ЗАЕВЈанкула тргна од центарот на Ресен и планира да помине околу 900 километри (Фото: СДК.МК)

    Ресенчанецот Васил Јанкула, кој е роден со церебрална парализа, денеска тргна од Ресен со трицикл со намера да ја обиколи државата и во Скопје да се сретне со премиерот Заев и други претставници на Владата, на кои сака да им ги изнесе проблемите со кои тој се соочува, но и други лица со такви заболувања.

    „Сакам да упатам апел до сите лица со хендикеп да бидат силни и храбри и да не се откажуваат на пола пат. Она што ќе го замислат и да го направат“, порача Јанкула.

    Пред тргнувањето, тој упати апел до учесниците во сообраќајот да внимаваат додека возат и да не им го попречуваат патот на него и неговата експедиција.

    Јанкула тргна од центарот на Ресен. Планира да помине околу 900 километри преку Битола, Прилеп, Градско, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, Струга, Охрид, па преку Галичица да се врати дома.

    Јанкула вози и автомобил, но се пожали дека не може да добие лекарско уверение за да полага возачки испит.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари