РОБОТИ И ДРОНОВИ ЌЕ РАБОТАТ НА ФАРМИ И НИВИ СО ОСУМТЕ ГРАНТОВИ ОД ЕУ

    РОБОТИ И ДРОНОВИ ЌЕ РАБОТАТ НА ФАРМИ И НИВИ СО ОСУМТЕ ГРАНТОВИ ОД ЕУВкупниот износ на предвидените инвестиции е 277.372 евра, од кои 75% односно 208.029 евра се обезбедени од Европската Унија, а останатите се финансирани од грантистите. (Фото: СДК.МК)

    Европската Унија преку проектот „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“ додели 8 грантови за земјоделци и фирми од Македонија со кои ќе се обезбедат средства за модерна земјоделска опрема. Избраните земјоделски задруги, сточарски фарми и претпријатија, со финансиската поддршка ќе обезбедат земјоделски дронови за скенирање и наводнување на насадите, напреден софтвер за анализа и обработка на податоците со што земјоделците можат да ги намалат трошоците за наводнување, ѓубрење и заштита од инсекти и болести.

    „Ова ни е семеен бизнис управуваН од трета генерација од нашето семејство. Сега имаме околу 250 глави говеда од сите категории, од телиња па до молзни крави. Со оваа финансиска поддршка на ЕУ ќе набавиме модерна опрема, односно робот за хранење на телињата или попознат како ‘вештачка мајка’, со што ќе добиеме подобро следење на развојот на телињата и на самата фарма. Исто така, ќе набавиме и робот за чистење на патеките за движење на кравите“, вели Горан Матовски, сопственик на сточарска фарма и добитник на грант од оваа програма.

    Во Полошкиот Регион доделени се грантови за набавка на опремата која вклучува роботи специјализирани за чистење во сточарските фарми и автоматизирано хранење на телиња. Во Североисточниот и Југоисточниот Регион ќе се инвестира во набавка на земјоделски дронови, спектрални камери и најнов софтвер за анализа на податоци, ќе инвестира и во автоматски системи за наводнување и ѓубрење како и во набавка на паметни уреди за мерење на индикаторите на почвата и временските услови адаптирани за специфичната култура која се произведува.

    Со овие инвестиции се очекува оптимизација на процесот на земјоделското производство, заштеда на трошоци и одлучување базирано на прецизни информации. Вкупниот износ на предвидените инвестиции изнесува 277.372 евра, од кои 75% односно 208.029 евра се обезбедени од Европската Унија, а останатите се финансирани од грантистите.

    Програмата на „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“ ќе трае до февруари 2025 година, а сега е објавен и трет повик за финансирање инвестициски акции за модерно и одржливо земјоделие на кој ќе може да се аплицира до крајот на јуни.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира