РОДИЛКАТА ВЕАПОСКА ОД ДЕБАР ПОДНЕСЕ ПРЕТСТАВКА ДО СУДСКИОТ СОВЕТ ОТИ СТРУШКИОТ СУД НЕМА ЗАКАЖАНО РОЧИШТЕ

    РОДИЛКАТА ВЕАПОСКА ОД ДЕБАР ПОДНЕСЕ ПРЕТСТАВКА ДО СУДСКИОТ СОВЕТ ОТИ СТРУШКИОТ СУД НЕМА ЗАКАЖАНО РОЧИШТЕБарам јавно до Судскиот совет да се преземе мојот предмет и да се суди во повисок суд, каде што ќе нема пензионирани судии, каде што ќе се води постапка и ќе има крај, вели Веапоска. (Фото: СДК.МК)

    Родилката од Дебар Јилдаз Веапоска, која при породувањето во Струшката болница остана без јајник, бугрег и матка, поднесе претставка до Судскиот совет за нејзиниот предмет оти судот нема закажано ново рочиште откако последното во јули се одложи.  Од друга страна, по две години од судскиот процес во кој се обвинети тројцата лекари за тешки дела против здравјето на луѓето, судскиот процес се враќа на почеток оти судијата Живко Аврамовски и обвинителот Благоја Даскаловски заминуваат во пензија.

    „Пратив претставка до Судскиот совет, барање да се испита работата во судот во Струга. И очекувам да има рочиште, очекувам да ја добијам правдата, но кога ќе ја добијам првдата во нашата држава не знам. Дали ќе има правда, кој судија ќе суди не знам“, вели Веапоска.

    Вепаоска бара Судскиот совет да го додели предметот, да добие рочиште за да се заврши судскиот процес.

    „Барам јавно до Судскиот совет да се преземе мојот предмет и да се суди во повисок суд, каде што ќе нема пензионирани судии, каде што ќе се води постапка и ќе има крај, ќе има правда за мене и ќе има казна за Блертон Асани, за Мухамед Асани и Лилјана Јовановска“, додава Веапоска.

    Обвинетите се товарат дека при укажување лекарска помош примениле неподобно средство и начин на лекување, со што предизвикале влошување на здравствена состојба на родилката, поради што таа остана без јајник, бугрег и матка.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира