САМ СЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА КУМАНОВЕЦОТ ШТО НАЦРТА КУКАСТ КРСТ НА СПОМЕНИКОТ НА ТИТО

    САМ СЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА КУМАНОВЕЦОТ ШТО НАЦРТА КУКАСТ КРСТ НА СПОМЕНИКОТ НА ТИТО60-годишниот кумановец изјавил дека споменикот го исчкртал и ги испишал погрдните графити затоа што чувствувал душевна болка во изминатите години од владеењето на комунистите (Фото: СДК.МК)

    M. З. (60) од Куманово, сам се пријавил во полицијата и признал дека тој ги испишал кукастиот крст и графитите на спомен-плочата на Јосип Броз Тито на градскиот плоштад во Куманово.  Од СВР Куманово велат дека по расчистување на случајот против М. З. ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка по член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

    М. З. изјавил дека споменикот го исчкртал и ги испишал погрдните графити затоа што чувствувал душевна болка во изминатите години од владеењето на комунистите. Тој спомен плочата прво ја ишарал со спреј, а потоа ја премачкал со црна боја.  Тој во медиумите побара споменикот да се тргне од градскиот плоштад бидејќи е негативен историски лик за Куманово и Македонија.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира