САМО ДВЕ ПРИЈАВИ НА 193, ШИЛЕГОВ ГИ ПОВИКУВА ГРАЃАНИТЕ ВО ПОНЕДЕЛНИК ДА ДОЈДАТ ВО ГРАДОТ И ДА ДАДАТ ИДЕИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО

    САМО ДВЕ ПРИЈАВИ НА 193, ШИЛЕГОВ ГИ ПОВИКУВА ГРАЃАНИТЕ ВО ПОНЕДЕЛНИК ДА ДОЈДАТ ВО ГРАДОТ И ДА ДАДАТ ИДЕИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТОГрадоначалникот Шилегов ќе ги слуша идеите на граѓаните, колку се тие применливи и колку можат да придонесат за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот.(Фото:СДК.МК)

    Градоначалникот Петре Шилегов ги повикува граѓаните во понеделник во 12 часот да дојдат во просториите на Град Скопје и да му предложат идеи за решавање на проблемот со загадувањето.

    „Апелирам до секој граѓанин кој мисли дека има одржлива идеја за решавање на проблемот за загадување да дојде во просториите на Советот на Град Скопје во 12 часот, со мене и мојот кабинет да ги сподели тие идеи. Заедно да ги разгледаме, колку се тие применливи и колку можат да придонесат за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот“, рече Шилегов.

    До сега имало само две пријави на телефонскиот број 193 кој вчера го отвори Град Скопје за пријавување диви погони, палење на гуми, пластика и други штетни матeријали на отвoрено, како една од мерките за решавање на проблемот. Првата пријава е за запален контејнер на кејот 13 Ноември, а втората во село Шишево за запалена столарска работилница.

    „Ги повикувам граѓаните да телефонскиот број 193 да пријавуваат нарушување на амбиенталниот воздух, за да интервенираат тимовите“, рече Шилегов.

    Градоначалникот Шилегов кажа дека побарал од Министерството за внатрешни работи да најде модалитет за редуцирање на сообраќајот со возилата, а од градоначалниците на општините да се засили контролата на градилиштата со цел да се забрани градење во деновите со висока загаденост.

    Сè уште не се знае дали и годинава улиците ќе се прскаат со калциум магнезиум ацетат.

    „Ги разгледуваат резултатите од претходните години кои се контрoверзни колку беа успешни“, додаде Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира