САМО ОСУМ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА ОД ЗДРАВСТВЕН ДОМ СТРУГА СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ ПРОТИВ КОВИД-19, ОСТАНАТИТЕ ИМААТ ПРЕЛЕЖАНО ИЛИ НЕ САКААТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ

    САМО ОСУМ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА ОД ЗДРАВСТВЕН ДОМ СТРУГА СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ ПРОТИВ КОВИД-19, ОСТАНАТИТЕ ИМААТ ПРЕЛЕЖАНО ИЛИ НЕ САКААТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ„Повеќето изминатава година прележаа, но за среќа не се соочивме со проблеми бидејќи доаѓаа на смени и немаа контакти едни со други“, вели директорот на Здравствен дом-Струга, Андон Ложанкоски. (Фото: СДК.МК)

    Од Јавната здравствена установа – Здравствен дом Струга само 8 здравствени работници од итната медицинска помош се вакцинирале против ковид-19. Дел од персоналот го имале прележано вирусот, а имало и такви кои не сакале да се вакцинираат.

    На листата пријавени од струшкиот Здравствен дом има над 60 лекари и медицински сестри, но со првите вакцини на „Фајзер“ се вакцинираат само оние кои се во контакт со пациенти заболени од коронавирусот.

    „Тоа се медицински лица кои имаат директен контакт со заболени од вирусот, кои одат на домашна посета, лекарите и медицинските сестри од Брза помош. Бројот можеби е мал, но има и такви кои претходно беа заболени. Во Брза помош има 35 здравствени работници. Повеќето изминатава година прележаа, но за среќа не се соочивме со проблеми бидејќи доаѓаа на смени и немаа контакти едни со други“, вели директорот на Здравствен дом-Струга, Андон Ложанкоски.

    Здравствениот дом е подготвен и за имунизација на населението. Има опремена просторија и спремен медицински кадар според сите пропишани протоколи. Во период кога Струга беше град со најголем број заболени Итната медицинска служба правела и по 70 домашни посети на ден.

    „Денес состојбата е стабилна“, вели Ложанкоски.

    С. ВРЕНЦОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира